Зборот го прочитав додека барав македонски еквивалент за мизогинија. Очигледно е многу подобар од мизогинија за она што го проповеда МПЦ преку своите пулени Иларион и Методиј. Може некако поинаку да се опишат текстовите што се појавија во Дневник и Премин?
Станува збор за две свештени лица кои толку многу ги мразат жените што се осмелија да погазат и испоганат едно од основните учења на нивниот Бог: Не им суди на другите. Сигурен сум дека ако вашиот бог ги прочитал колумните посакал вашите мајки да направеле абортус за да не го валкате неговото име.
Чедоморки, детеубијци, монструми, демони… Зарем вашиот бог не ги сака сите подеднакво? А, да. Заборавив. Жената е инфериорна и направена од ребро и треба да му се потчинува на мажот.
Мразам луѓе што сметаат дека се морално супериорни. Заради таквите луѓе се убиени милиони луѓе во крстоносните војни, за време на инквизицијата, во холокаустот…
Очиња, чувајте си ги вашите проповеди за оние што се поклонуваат на вашиот бог. За оние кои ви даваат грдни пари за да може да ве возат во џипови и да живеете во оној луксуз за којшто ги обвинувате жените и девојките што абортираат.
Смачено ми е од таквите како вас што ги обвинуваат другите за сопствените гревови.
[...] Верувам дека повеќето луѓе што го читаат блогов се свесни за корумпираноста (читај: расипаноста) на свештените лица во МПЦ. Нови докази не ни требаат, бидејќи на секој од вас му барале пари кога сте закопувале некој близок или кога сте сакале да се крстите себе си или вашето дете (што е голема грешка, ама за тоа друг пат)… Меѓутоа тоа знаење е… повеќе фолклор отколку црно-на-бело. Ова е, мили браќа и сестри, ДОКАЗ! за тоа колку барем еден член на МПЦ (па макар и поранешен) е всушност грешен. Паѓаат во вода сите нивни морализирања. [...]
By: Божја казна! « Сериозен мајтап on February 27, 2009
at 12:16 am