Posted by: Бојан | January 24, 2009

Он.нет смрди

Си беше еднаш едно Македонче. Живееше релативно задоволно. Како и секое Македонче во поновата историја на Македонија, пола од семејството (барем она што го сметаше за семејство) и добар дел од пријателите му беа по странство. Некои од нив имаа дил со телефонските и интернет провајдерите во државите каде што живеат за (факинг) ефтини телефонски повици кон Македонија. Затоа, дотичното Македонче реши да си земе телефонска линија, и покрај ставот дека го мрази Телеком и смета дека дотичниот е вампир. И тоа не од оние романтичните, (хомо-)еротизирани вампири, туку баш онака брате – крвопија.

И се си беше океј, додека не му секна опцијата за интернет. Човекот со којшто делеше ADSL до тогаш го продаде станот и Македончето мораше да си земе широкопојасен (читај: broadband) интернет. Арно ама, поучен од едно (не толку) дамнешно искуство со перверзноста на Телекомот почна да бара алтернативи. Првиот избор беше логичен – Он.нет. Нудат фиксна телефонска линија (за да може да му се јавуваат роднините и пријателите од Странција) + 10 мегабитен интернет пристап со неограничен сообраќај.

Потпиша договор некаде при крај на октомври, откако му гарантираа дека префрлањето ќе се среди за 20 дена. Да, признавам, негова грешка беше што не го прочита договорот иако веќе имаше едно горчливо искуство со наслепо потпишување договори со корпорации, бидејќи во договорот пишува: За 30 работни дена. Работни денови во он.нет се од понеделник до петок. Така што 30 работни дена се 6 недели.

Некаде при крај на ноември, на истекот на оние ветени 20 дена, се појави во салон на он.нет. Додека чекаше, имаше еден човек што го потпишал договорот на 23 септември. Него веќе му биле поминале 6-те недели според договорот. Кога дојде на ред, се караше со тетките и потпиша барање за раскинување на договорот. Утредента напиша мејл до еден пријател во он.нет што има… повластена позиција, за или да му го раскинат договорот или да ја убрзаат процедурата. Испадна втората опција и Македончето доби интернет на крајот од првата недела на декември.

Нормално, уште веднаш имаше проблеми. ADSL сплитерот не функционираше. Накурчен до бесвест, утредента си отиде до салон на Телеком и џитна речиси 500 денари на нов сплитер. Не, не сакаше да оди до салон на он.нет. Преку кур му беше од нив.

Следен проблем беше оној со интернет врската. Он.нет немаат поддршка за корисници на Linux. Ама успеа некако да се поврзе. Потоа следуваше проблемот со Skype. Додека не се префрли на Он.нет, Македончето делеше ADSL на Телеком. И преку Skype си правеше муабет со Љубовта во Франција без никаков проблем. Сега, им се прекинуваше повикот на интервали од 3 или 7 минути. Ако имаа ептен среќа, успеваа да направат до саат/саат ипол муабет. Ама тоа беше многу поретко од Call dropped на точно секои 3 минути.

И, капакот, деновиве, гореспоменатите роднини и пријатели од Странција не можат да го добијат Македончето затоа што добиваат сигнал дека линијата е зафатена. А Македончето не го користи телефонот освен кога му се јавуваат. При повик на техничката „помош“ на он.нет доби одговор дека проблемот е општ и дека зависело од Агенцијата за електронски комуникации. А тоа што сестра ми секогаш кога ѕвони кај комшиите (кои што се на Телеком) успева да добие линија?Господине, проблемот е во *стар-трек-жаргон-што-го-користам-за-да-не-Ви-кажам-дека-во-суштина-ние-сме-буљашка-компанија-што-ич-не-и-чуе-за-корисниците*“.

Рачката на капакот му дојде во форма на две фактури од он.нет. Првата му пристигна пред Божиќ, за месец 12.2008 и требаше да се плати до 15.01.2009 (и уредно си ја плати). Втората стигна на 22.01.2009 и беше за месец 01.2009. И требало да се плати до 16.01.2009.

Затоа, Македончето почна да работи на откривање на временска машина. Не, не за да ја плати сметката. Туку за да се врати и воопшто да не го потпише договорот со он.нет.


Leave a response

Your response:

Categories