Posted by: Бојан | March 31, 2009

Запознавање на религијата и општеството

Овој пост е наменет за олигофрените.

Зборот „религија“ потекнува од латинскиот збор religio што значи совесност, побожност. Близок е со латинскиот глагол religare што значи врзување (за тоа друг пат). Зборот вера значи верување во нешто. Следствено, невозможно е човек да се роди во некоја религија или во некоја вера. Религијата и верата се личен избор.

Типичен пример за индивидуалноста во изборот на религија и вера сум јас. Притиснати од бабите, моите морале да ме крстат во црква. И јас сум крстен во црква. Св. Петка, во Црниче. Уште 1979. (Мене лично се уште ми е чудно како можеле тоа да го направат кога во „комунизмот“ не смеело да се оди во црква.) Имам дури и фотографии од настанот. За моите баби тоа било голем настан. За мене, тогаш, немам појма што било, ама најверојатно ништо позначаен од серењето во пелени. За мене, денес, тој настан ми е смешен затоа што ниту се сеќавам на него, ниту бил по мој сопствен избор. Затоа, за мене, тој настан е комплетно ирелевантен. Воопшто не влијае во мојот избор на религија и вера.

Значи, да повториме: религијата и верата се личен избор што зависи од вкусот и информираноста на оној што избира.

Може да ви повлечам и една паралела. Во скопските кафански кругови често може да се слушне дебата каде има најдобар џигер во Скопје. Има некои што се колнат дека џигерот во Љуц е „права ствар“ и нема подобар џигер на планетава, не па ли во Скопје. Тие луѓе веќе си го направиле изборот и верувам дека ако некој што тврди дека џигерот во Ганѕа е бољи од оној во Љуц ги однесе во Ганѕа и ги натера да го пробаат џигерот таму, ќе види дека сепак Љуцџиите повеќе го сакаат џигерот во Љуц. Истото ќе важи и ако Ганѕаџиите отидат во Љуц и го пробаат џигерот таму. Има некои што можеби ќе сменат мислење, меѓутоа сепак станува збор за личен вкус и информираност. Ако не знам дека има џигер на друго место освен во Љуц, тогаш за мене религијата и верата што ми ја нуди Љуц е една и единствена и нема друга.

Мене, на пример, многу ми е поблизок будизмот од христијанството. Во будизмот никој не ме кара ако сум лош, никој не ми вика дека самото мое постоење е грев, никој не ми се заканува со вечно страдање во пеколи и слични тракатанци…

Ако зборот религија во суштина значи совесност или побожност, како е тој врзан со институција како што е црквата? Зарем не е совесноста и побожноста лична работа помеѓу религиозниот човек и неговиот бог? Ниту еден поп ја нема таа моќ да ви суди за вашите гревови, а ако ви кажат поинаку тогаш ве лажат. Поповите, владиците, ѓаконите и што-уште-не се луѓе. Како луѓе, според христијанството (или барем онаа верзија што ја форсира МПЦ), тие се подеднакво грешни како и останатото човештво. А според тоа како се однесуваат поповите на МПЦ во одредени прилики, најверојатно се и многу погрешни од вас.

Ако вашиот бог е насекаде, тогаш зошто ви е потребен храм за да му покажете колку го сакате и колку сте добри? Ако сте навистина совесни, побожни, религиозни тогаш би требало да можете да комуницирате со вашиот бог кога и каде сакате. Собирањето во цркви е анахронизам што немал ништо поинаква функција од денешното излегување по кафулиња и дискотеки. Место каде што можеле да се соберат луѓето од едно село и да се подружат во малку поинаков вид од одењето на чешма/бунар.

Но еве, да речеме дека има потреба да постојат црквите. Во радиус од еден до два километри на плоштадот Македонија има барем три цркви. Не се доволни тие?

Некој спомна дека на тоа место порано имало црква. Во ред. На местото каде што има изградено цркви имало храмови посветени на Артемида, Афродита, Аполон, Ѕевс, итн. Еве, земете го Плаошник за пример. Под Плаошник имало храмови на пагански божества. Дали тоа значи дека треба да се сруши тазе реставрираната црква и да се изгради храмот? Или еве, не мора да се руши црквата, нека се изгради храмот во непосредна близина на Плаошник. Ќе го дозволите тоа? На местото на ГТЦ имало куќи. Треба да го срушиме ГТЦ и повторно да ги изградиме куќите? Кај нова железничка имаше една зграда што ја срушија за да може да го прошират патот. На местото на булеварот Јане Сандански после новата железничка порано имаше пазар. Треба да се изора булеварот и да се сруши Скопјанка за да го вратиме пазарот? Можеби и треба, меѓутоа тогаш пак ќе мора автобусите и другите возила да поминуваат по тесните, споредни улички и ќе има уште погуста сообраќајна гужва.

Некој друг спомна зошто никој не се бунел за џамиите дивоградби. Ако се дивоградби, има кој да го регулира тоа – затоа и постои полицијата. Јас, во моето маало, се уште немам видено да „никне“ џамија. Кога ќе реши некој да направи таква работа, ќе се бунам подеднакво жестоко како и против црквата на плоштад. Ако некој реши да гради џамија на плоштад, повторно ќе се бунам. Ако некој реши да гради што и да е на плоштадот ќе се бунам. Доволно е упропастен со тоа што нема сенка ни за лек на него откако ги искорнаа дрвјата околу плоштадот.

И главното прашање на сите е зошто не сме се бунеле за Коцка, за некаков си кинески ѕид, за што-и-да-е… Како што веќе елаборирав, религијата и верата се личен избор. Христијанството не е мојот избор. Кревањето на нова христијанска црква, на сосема несоодветно место, место кое што би требало да му припаѓа на сите граѓани на Скопје, а не само на православните христијани, е фрлање сол на рана. Го чувствувам како да некој сака да ми каже: Кој ти е крив што не си православен христијанин. Не ли гледаш дека мнозинството сме такви.

Драги мои, мнозинството (ако е навистина мнозинство) може да си брцне во око, да слуша турбо фолк, да пие ракија, да му прави метании на Тоше, да јаде модри патлиџани… Тоа не значи дека и јас го сакам истото. А не сум единствен.

И ќе ви кажам една тајна. Наталитетот не е мал затоа што луѓето не се ебат или затоа што абортираат. Туку затоа што наместо да се вложуваат пари во нови работни места, тие се вложуваат во цркви. А згора на тоа, со вакви еднострани акции (без да се размисли за неправославните), како и тоа дека веќе не се чувствувам безбеден да се шетам низ Скопје затоа што имам поинакви ставови од мнозинството, вие многу ефикасно ги бркате луѓето од вашата држава.


Responses

  1. Од почеток до крај апсолутно се слагам со се што е овде кажано, и јас ги делам истите ставови и мислења Бојане, сега кажувај на кај да ја фатиме света, овде не ја бива.

    Се чуствувам како да живеам во македонска верзија на Црни Бомбардер, заедно сосе муабетот:

    -Дечко сабери се, појест ће те мрак, мрак бре…

    -Какав мрак? Па ово је демократска држава, нема мрака…

    -Демократски мрак…

    На толпата што ме нападна во Сабота требаше да им ја пуштам “Ходам сад као зомби” за све да биде комплетно.

  2. Ти се восхитувам за тоа што си направил избор во религија, јас уште неможам да се одлучам. Можда атеист е мојот избор, под услов ако не постои некоја религија која го величи моето постоење:) Ти ја препорачувам да ја гледаш последната епизода од Family Gay :)
    Комплетно се сложувам со твоите ставови, ако имаш некоја идеја за дејствување, тука сум.

  3. Loved the модри патлиџани моментот! Fuck the мнозинство!

    За остатокот, си знаеш. А ја сеуште чекам да ги донесат багерите на плоштад па со ќебенцето да си легнам пред нив, како у “Бољи живот”.


Leave a response

Your response:

Categories