Првин, затоа што ми се допаѓа симболиката – тридент, на англиски, е трозубец, ист како оној на ѓаволот. А второ затоа што идентитетот е шкакљива категорија, отворена за интерпретација.
На пример, јас сум роден како Југословен. Заради сплет на околности (моите живееле во Скопје цел живот и не нашле за сходно или потребно да живеат на друго место) мора да бидам Македонец. А се декларирам или како Јапонец или како Вонземјанин. У ствари, зависно од расположение сум кажувал дека сум Црнец, дека сум Индијанец, Евреин, Муџахедин… Други луѓе ме викале како ќе им текне – еве, баш вчера, само заради презимето, ме нарекоа „србенда“ (што и да значи тоа). И во ниту еден момент не сум почувствувал дека ми е повреден идентитетот.
Идентитет е се она со што еден човек се идентификува. Ако јас сакам да се идентификувам како Македонец, тогаш тоа ќе биде дел од мојот „идентитет“. Ако сакам да се идентификувам како хетеросексуалец, тогаш и тоа ќе биде дел од мојот „идентитет“. А за повеќето од тие работи, се додека не истакнеме еден транспарент на ___________ (пополнете го празното место со сопствена етикета) pride парада, никој нема да знае дека се дел од нашиот идентитет. Дури и бојата на кожата во денешно време е дискутабилна како дел од човековиот идентитет – се повеќе белци се однесуваат и облекуваат како црнци и обратно.
Значи, ако јас сакам да се идентификувам со вонземјани (читај: со што и да е што не е дел од оваа планета и човештвото), можам да најдам милион начини како тој „идентитет“ да го направам поуверлив за околината. На пример, може да кажам дека на Каменот Розета го има јазикот на моите предци, дека Буда, Исус, Шака Зулу и Томас Хобс биле исто вонземјани и да разговарам со нивните духови, да им градам статуи на плоштадот, и да ги вметнам во книгите по историја. Добро, за последните две работи ќе ми треба поддршка од владата, ама ако им ги ветам гласовите на останатите 2-30 илјади вонземјани во Македонија, можеби и ќе подразмислат.
Идентитет е она со што се идентификувате и е нешто што никој не може да ви го одземе. Се разбира, се додека се идентификувате со нешто што е вредно за идентификација. Јас не сакам да се идентификувам со Македонија затоа што не ми се привлечни 500 години робство, тотална незаинтересираност за сопствената „судбина“, индиферентност кон се освен Моето, апатичност, летаргичност, кодошење…
А кога подобро ќе размислите, македонскиот идентитет е всушност идентитетот на човештвото во целина. Робови имало од секогаш и секогаш ќе ги има – некои се бореле почесто, некои поретко за своите права (со оглед дека Македонија денес има 2 милиони жители, добро е и што воопшто имало востанија). Ако сериозно тргнеме да најдеме кога некој човек бил заинтересиран за сопствената „судбина“ за да направи нешто, ќе видиме дека ако воопшто има таков пример, тој ќе биде тесно врзан со „индиферентност кон се освен Моето“. Апатијата, летаргијата и кодошењето се типични за робовскиот идентитет на човештвото.
Затоа, јас и понатаму ќе останам да си бидам Вонземјанин.
Твое право. Проблемот е што сфаќањето на Македонецот за човековите права и демократијата е на исклучително ниско ниво. Но не верувам дека е некаде многу поинаку инаку што ќе ни е Декларацијава…
http://www.un.org/Overview/rights.html
By: Киро Велковски on Април 13, 2009
at 10:58 am