[На црн екран се појавува текстот: ТЕЛЕВИЗИЈА СКОПЈЕ/РЕДАКЦИЈА ЗА СУБВЕРЗИВНА ПРОГРАМА. Фејд ин со песната To the Unknown Man на Vangelis и стандардната шпица на Тврдокорни. Овој пат, наместо Доне Стојанов - Штипјанчето или Ѓурчин Наумов - Пљакот, се појавува името Александар Македонски - Православниот.]
[Фејд ин на некоја античка локација низ Македонија - нека е амфитеатарот во Стоби или Охрид. Централно е поставен голем кревет со свилени чаршафи. Се забележуваат три тела како спијат: Александар Македонски - Православниот, Дечко му и Девојка му. Александар се вртка и превртува немирно во сонот. Одеднаш се буди, задишан и облеан во пот. Полека се будат и другите двајца - за целите на драматизацијата ќе ги крстиме Трпе и Стојна.]
Трпе: Што ти е, Аце? Добар си?
Стојна [мрзоволно]: Ај бе ќутете, остајте ме да спијам.
Трпе [отсечно]: Ти да ќутиш! Не ли гледаш дека Аце имал кошмар?!
Стојна: Ме заболе. Вчера цела вечер ме игнорираше, уште да мислам дали имал кошмар или не.
Трпе [кон Александар]: Добар ли си, Аце?
Александар [се уште забревтан, но полека се смирува]: Не ме викај Аце.
Трпе [почнува да се брани]: Ама знаеш дека јас тоа од љубов–
Александар [го прекинува]: Не ме интересира… [станува од креветот, импровизирајќи тога од едниот чаршаф - сепак ова e МТВ, деца гледаат] Сонив страшен сон. Сонував како мојата империја умира.
Трпе [возбудено]: Ама Ац– [се пресекува] Ама Александар, тоа не е можно! Та ти го освои речиси целиот свет!
Александар: Да, но ти кажав за Вероучителот од Иднината?
[транзиција: друг дел од Стоби, стојат Александар и уште еден човек облечен во современа облека]
Александар: Кој си ти, човеку? И зошто си толку чудно облечен?
Вероучителот: Јас сум Вероучител. Доаѓам од Иднината и тука сум за да те изведам на прав пат!
Александар: Јас сум на правиот пат. Ја прегазив Персија и, да не беа тие проклети ѕверови, ќе ја освоев и Индија!
Вероучителот [се насмевнува родителски]: Ах, чедо божје, не зборувам за твоите освојувања – тоа е во ред и така и да си тераш! Тука сум да те поучам за Верата.
Александар: Знам и за тоа – веќе се прогласив за потомок на Ѕевс!
Вероучителот: Не, чедо. Не постои Ѕевс. Постои само нашиот Отец – Исус Христос. [вероучителот се подзамислува] Добро, фактички се уште не се родил, ама постои!
[транзиција: се враќаме во „спалната“ на Александар]
Александар: Како да верувам во тоа? Згора на се, од она што ми го кажа Вероучителот од Иднината, јас и ти ќе треба да ја прекинеме нашата љубов и ќе мора да се оженам со Стојна.
Стојна [се исправа штом е спомнато нејзиното име]: Што, што?
Трпе [очигледно вознемирен од веста]: Ќути ма! [кон Александар] Знаеш дека јас те сакам со сето мое битие и ако така решиш, ќе си одам.
Александар [доаѓа до креветот и со насмевка го милува лицето на Трпе]: Знам, сонце мое. Знам. [иако дланката му останува на образот на Трпе, изразот на Александар се менува во нешто што наликува на очај] Но растргнат сум. Од една страна Вероучителот кажа дека ако не се преобратам во Православната вера ќе ги осудам моите потомци на уништување. Од друга страна не сакам да те загубам тебе.
[Александар се оттргнува од креветот]
Александар [гледајќи угоре]: Објасни ми! Дај ми знак!
[во тој момент удира гром во дрво во непосредна близина - бидејќи нема дрвја во Стоби, ова може да се реши со компјутерска анимација]
Александар [гледа во дрвото, па гледа пак угоре]: Кој беше ова, Исус или Ѕевс?
[повторно грми]
Александар: Се уште не ми е јасно!
[тишина]
Александар [одеднаш му се случува „Балтазар момент“]: Громот удри во едно дрво, а не во повеќе! Јасно ми е: Потребите на мнозинството се посилни од потребите на индивидуата! [се врти кон Трпе] Решив. Ќе се преобратам во Православната вера.
Трпе [низ солзи во очите]: Во ред. Но знај дека секогаш ќе те сакам.
Александар [веќе прифаќајќи ги начелата што му ги објасни Вероучителот од Иднината]: Марш, педеру! [го брка Трпе од „спалната“ и се врти кон Стојна] А ти, мрш у продавница по пиво и да ми направиш нешто за јадење.
[Стојна очигледно не е задоволна, но си молчи и излегува од „спалната“]
Александар [задоволно си се смешка сам на себе]: Сега со поддршката од единствениот бог ќе го освојам целиот свет.
[уште пред да го каже зборот „свет“ го мава гром и безживотното тело на Александар паѓа]
Наратор [би било добро ако со помош на некој американски медиум стапиме во контакт со духот на Борис Мајсторов за да биде Нараторот]: Громот што го уби Александар беше громот на паганскиот бог Ѕевс, кој, како и нашиот Бог, бил љубоморен. И со тоа беше спречено правичното освојување на Александар и ширењето на Православието. Но оваа приказна, која што му се укажа на Големиот Пастир на сон, е конечниот доказ со кој може да ги побиеме неверниците што велат дека нашиот прататко Александар Македонски бил паган.
[Почнува завршната шпица, повторно со песната на Vangelis.]
[Напомена!!! На крајот од шпицата мора да стои текстот „Помогнато со средства од Министерството за Вистина“]
Дефинитивно се претвораме во бледа копија на Атињаните… Каракасиду ја споменува таа обземеност со Александар, дури и како во легендите ги брка Отоманците. Наместо напред да одиме, ние ќе ја копираме најназадната од назадните земји во Европа…
http://books.google.com/books?id=H4WotF-_TN8C&pg=PA34&vq=alexander+the+great&dq=%22Fields+of+Wheat,+Hills+of+Blood%22&source=gbs_search_s&cad=0
By: Киро Велковски on April 26, 2009
at 9:46 pm
Кажи жиро сметка, ако треба и ќе донирам за изработка на проектов :))
By: Јофе on April 27, 2009
at 1:38 am