Posted by: Бојан | Април 26, 2009

Дискутабилна зебра

Вчера на Алфа ТВ одеше издание на дебатната емисија Зебра каде што гости беа Самоил „Corvax“ Малчески и Лазар МОФ Иванов. Иако не гледам ТВ, решив да направам исклучок и да видам што има „иднината на Македонија“ да каже и како ќе го каже тоа. И навистина се потрудив да издржам повеќе од 15-20 минути. Ама потребата од ментална хигиена не ми дозволи.

Тоа што немаше никаква дебатна култура и си влетуваа среде реченица обајцата „дискутанти“ беше најмалиот проблем. Прво нешто што ми влета во глава беше „Зошто донеле политичари кога темата е за студенти?“ Наместо да дискутираат за студентите, за начинот на кој што може студентите да придонесат во општеството, за механизмите и технологијата на студентскиот активизам, и двајцата дрндаа за и против организациите во коишто членуваат. Иако тоа може да биде интересно за приврзаници на обете страни и утредента да го тапшаат својот пеливан по рамо за тоа како му го извадил од уста и му го плеснал у фаца, за оние што се засегнати од темата, за оние што не се пристрасни и за оние што имаат критички ум, тоа вчера беше патетично.

„Дебатата“ изгледаше вака:

Дете 1: МАМОООООО!!! Овој ме удрииии!
Дете 2: Мамо лаже!
Дете 1: Не лажам, еве имам модрица!
Дете 2: Е како не! И ти мене ме удри!
Дете 1: Ама вчера ти ме удри прв!
Дете 2: Нема врска! Ја те удрив вчера затоа што завчера ти ме удри мене!

И така натаму, во недоглед.

Ако ве потсеќа ваквата дебата на политичкиот „дискурс“ во Македонија, не е до вас. Младината учи од постарите, а овие деца немаат од кој друг да учат освен од „светлите примери“ на политичарите. Бедотијата на македонските политички „дебати“ беше болно очигледна на последниве избори. Од една страна имаше препотентен буљаш што на целиот свет гледа од пиедесталот каде што самиот си се поставил, а од другата имаше некомпетентен буљаш што целиот свет (барем оние што не мислат како него) го колнеше до седмо колено од пиедесталот каде што други (заради лични потреби) го поставиле. И од нив да учат како да дискутираат?

Фрлањето кал едни на други е бедна и ниска активност и не дозволува Развој. Обвинувањата треба да се заборават и заменат со конструктивна критика. А единствен начин да се почне со каков и да е развој е да сфатиме дека не не бива. Може да се маваме во гради и да викаме колку сме најбољи, ама на крајот на денот тоа не значи ништо – освен ако сакаме да го тинтраме нашето его (СФРЈ е одличен пример за тоа: се мававме во гради, викавме дека сме најбољи (дури бевме и убедени во тоа) и на крај, затоа што немаше критичко размислување (а она што го имаше или беше етикетирано како нацизам или беше игнорирано), отидовме сите, колективно, братски и единствено, „у курац“).

Анти-мантрите „Едноумие“ и „тоталитаризам“ не служат за ништо друго освен за етикетирање на нешто што немаме поим зошто го етикетираме. Доволно сведоштво за тоа е едноумието што го пропагираат оние што зборуваат против него (ВМРО-ДПМНЕ) и тоталитаризмот што го практикуваа оние што зборуваат против него (СДСМ). Едноумието и тоталитаризмот се синоними во поглед на тоа што нема (или не е дозволено) критичко размислување.

Еден од големите западни философи и зен будисти, Алан Вотс, во едно од предавањата предлага една полезна медитација: замислете дека не може да се каже ништо позитивно за вас. Сите мислиме дека сме супер, добри, паметни, убави, дарежливи, великодушни, со широки погледи и сфаќања за светот… Меѓутоа таквото размислување е крајно непродуктивно – едноставно не остава место за развој, созревање и усовршување. Јапонците се таму каде што се затоа што понизноста е врежана во нивната култура. Тие секогаш стравуваат дека не се доволно добри, доволно паметни, доволно дарежливи… И секогаш, како нација, како култура, како индивидуи, работат на себе и само-усовршувањето.

За да успееме не треба да бидеме Јапонци. Доволно е барем мало поместување на себе-перцепцијата: да помислиме дека можеби и не сме толку фини колку што мислиме дека сме. Признавањето на сопствените грешки и прифаќањето на одговорноста за тие грешки е првиот чекор кон себе-остварувањето и себе-усовршувањето.


Responses

  1. Дебатата е вештина која што е непозната во РМ. Значи, и двајцата изгубиле убава шанса да добијат неколку нови поддржувачи на нивната идеја, нели? Никому ништо не докажале, и тоа е тоа.

    Еден од нив да бил умен, ќе размислел дека добива шанса да пристапи до 20-30 илјади гледачи и дека тоа е шанса за која што вреди да се бориш. Таа шанса е пропуштена.

    За разлика, дебатните емисии се британски и француски национален спорт судејќи по присуството на ТВ каналите. Е тоа е веќе нешто…

    Инаку за СФРЈ баш ноќеска фатив 15 минути од една емисија. Прво, на погребот на Тито дојдоа претставници од 127 земји (тогаш беа 154 во ООН). Второ, Растко Мочник го прогласи Јосип Броз за прв политичар што ја внесе естрадата во политиката. И рече дека за Јосип Броз има иднина… А кој имаше причина да го растури дури и привидот за успехот на СФРЈ, тоа е сосема друга приказна.

  2. ха ха ха … фина забелешка на дебатата и јас ја гледав… али наместо да впрегнувам мождани вијуги си напраив пуканки и навивав за тој кој повеќе ке ме насмее… и дефинитивно победи овој од МОФ со изјавата дека ако Самчо панса не прекине да го навредува ке си замине од студиото како демек претес на само 2 минути пред крајот на емисијата…предходно најмногу ме смееше Саме али веќе тоа е евоцирање пресни спомени … :)

  3. Пријателе, дури сега го видов твојот текст и морам да забележам 2 работи.
    Прво критиката е искрена и ми се допаѓа, жално е што самото интервју излезе така, но понекогаш мора да се жртвува и достоинство и се останато за повисока цел.
    Замисли мене колку ми е мака што цел живот во дебатно здружение морав да учествувам во некавалитетна дискусија (Моф – дебатна програма),.
    И второ – во текстот зборуваш „викнале политичари“ – искрено јас политичар не сум, јас сум студент на правен, и член на Моф (нв- организација) и мислам дека не е фер да обележуваш некого со нешто што не е ….. Како и да е фала за критиката и врската до мојот блог, остани поздравен


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Категории

Follow

Get every new post delivered to your Inbox.