Posted by: Бојан | July 10, 2009

„Да му ебам матер зашто!“

Пред некое време дробев за одговорноста, честа и гордоста. Зборував и за тоа како си ги истураме фрустрациите фаќајќи се за (можеби) добри и вредни каузи, ама каузи кои што немаат директно влијание на (нашиот) квалитет на животот.

Кога зборував за гордоста, кажав дека е тажно да се гордееме со нешто што некој си го направил пред 100, 200, 2000 години. Ако се гордеам со нешто, ќе се гордеам со она што јас сум го направил. Дури не се мавам во гради ни со нешто што го направиле моите непосредни предци. Ако сум го направил јас, мое и имам право да се гордеам, инаку сум уште еден тажен лик во плејадата тажни македонски фаци. За да нема забуни, освен некои работи во мојот приватен живот, јас немам со што многу да се гордеам. Имам учествувано во неколку акции за подигање на свеста на одредени целни групи, но затоа што не вродиле со онаков плод каков што сум очекувал, немам зошто да се гордеам.

Одговорноста, интегритетот и честа не можам доволно да ги акцентирам. Многумина од нас забораваат дека промените почнуваат од индивидуата, а не од групата. Сигурен сум дека оние еколошки друштва што постојат, оние револуции што се кренати, оние организации што се почнати не почнале спонтано, групно. Првин се појавил еден, па уште еден, па трет, и полека станале група. А почнале така што секој си рекол сам на себе „Зошто бе да го фрлам хартивчево тука? Ќе го почувам, кај и да е ќе налетам на корпа. Во најлош случај, ќе го фрлам дома, па после тоа заедно во контејнер со другото ѓубре. Зошто да придонесувам во грозниот изглед на градов?“ Не делува којзнае колку философски, нели? Сè што треба е мало изместување во перцепцијата од она стандардното „Е де, сите фрлаат кај стигнат. Зошто да бидам различен?“ Не треба многу. Има еден пример што мене буквално ме шокираше. 2002, на една од скопските телевизии имаше една контактна емисија која што имаше една рубрика „Да му умре козата на комшијата“, каде што луѓето што се јавуваа кажуваа на кој сакаат да му умре козата. Ги имаше секакви. Те на Бранко, те на Љубчо, те на овој, те на оној… Ама еден ден се јави едно дете – не верувам дека имаше повеќе од 14-15 години – по името беше Албанче. Кажа „Јас не сакам на никој да му умре козата. Сакам сите да имаме кози.“ Јас останав со подзината уста… Не само што се најде некој паметен, туку паметен од „оние“ што (наводно) „војуваа против Македонија“ (наводниците се тука затоа што не верувам во поделба на ние и тие и затоа што не верувам во официјалната приказна што се продаваше по медиумите тогаш – ве молам без муабети кој, што, зошто и колку).

Муабетот на малиот беше многу логичен. Ако вложуваме онолку енергија во правењето сите да имаме кози колку што вложуваме во умирањето на козата на комшијата (или тоталната апатија по козјото прашање во нашата околина), ќе може многу повеќе да сработиме и ич нема да ни биде гајле дали комшијата имал една коза повеќе или помалку. Од проста причина што сите ќе имаме доволно кози за да може да си ги тераме работите онака како што треба/сакаме.

Некој има кажано дека нема поголемо зло од неделувањето на „добрите“ луѓе против злото. И во право е, кој и да беше. Премногу често налетувам на апатија и летаргија кога станува збор за промени. Цело време се кука како ништо не се прави и тоа баш од луѓе што не прават ништо. Се плаче како не е возможна револуција, без воопшто да се проба. Деновиве имаме конкретен пример со феноменално именуваната акција Распуст. Сигурен сум дека по првото „чистење“ на паркот викендов има се помалку луѓе во него. Наместо да биде обратно. Наместо да се оди по кафичи и дискотеки, да се седи во парк. Нека е и без алкохол (или пиво). Има во близина трафики со сокчиња, има фонтани со вода. Не можат да напишат толку пријави и немаат толку лисици за да ги соберат сите во станица или на сите да им пишат прекршочни пријави. Наместо да ги задушиме во сопствената бирократија и папирологија, ние бегаме и наоѓаме други места, каде што нема цајкани.

Не знам за вас, ама јас вечер ќе одам во парк. Затоа што секоја промена почнува од индивидуата, а не од групата. Групата сама ќе се оформи ;)


Responses

  1. Istoto mi tekna vcera koga pominav vo park. Mesto site da sednat so sokce tamu, izbegale. Zaboravaat lugjeto deka koga ke ja piknes glavata vo pesok, na gazot moze koj sto saka da mu pravi.

  2. Американците по 11ти септември 2001 имаа едно супер мото (кое што тие погрешно го користеа за да промовираат неконтролиран конзумеризам, ама океј): „Ако го смениме начинот на живот, терористите нè победиле.

    Ако тероризам значи „користење на терор (страв) за постигнување на политички/општествени цели“, дали полицискиве акции не се терористички? (Затоа што во претходниот текст на темава не успеав да најдам друга логична причина освен утерување страв у коски) И дали ако се разбегаме како јато птици после истрел нема да им помогнеме да победат?

    Значи… Вечер, парк, после 12? :)

  3. Sekako :)

  4. Секоја чест.
    Омилен блогер дефинитивно :)


Leave a response

Your response:

Categories