Од денеска, па секој нареден понеделник, ќе можете да ме читате и на Окно.мк. Овој блог нема да страда и нема да биде запоставен. Напротив. Есенва поактивно ќе пишувам и текстовите тука и таму би требало да се надополнуваат. Но нема да бидат толку сконцентрирани околу критика на дневно-политички случувања колку на изнаоѓање и сугерирање начини како да се подигне свеста и оправи ситуацијата. А за денеска, тука ќе оставам неколку извадоци од мојата омилена книга, Дина:
Старицата кажа: „Си чул како животните се способни да си ја одгризат ногата за да избегаат од стапица? Тоа е животински трик. Човекот ќе остане во стапицата, ќе ја издржи болката, ќе се преправа дека е мртов за да може да го убие ловецот и да отстрани една закана за својот вид.
„Во ред: Она што се потчинува владее.“
Почувствува чудење: зборуваше за елементарни нешта како тензија во значењето. Зарем мислеше дека мајка му не го научила на ништо?
„И тоа е алузија?“ ја праша.
„Не сме тука за да си дофрлуваме зборови или да се препираме околу нивното значење,“ кажа старицата. „Врбата му се потчинува на ветрот и просперира се додека еден ден не стане многу врби – ѕид пред ветрот. Тоа е целта на врбата.“
Треба да постои наука за незадоволството. На луѓето им требаат тешки времиња и угнетување за да развијат психички мускули.
-од „Собрани изреки на Муад’Диб“ од Принцезата Ирулан
Како само умот се насочува кон околината, помисли таа. И се сети на една Бене Џезерит аксиома: „Умот може да оди во два правци под стрес – позитивна или негативна: вклучено или исклучено. Замислете го како спектар чии екстреми се несвесност на негативната и хиперсвесност на позитивната страна. На правецот во кој ќе се насочи умот под стрес силно влијае обуката.“
„Хават е опасна играчка,“ кажа Фејд-Раута.
„Играчка! Не биди глупав! Знам што имам со Хават и како да го контролирам. Хават има длабоки емоции, Фејд. Човекот без емоции, од него треба да се плашиш. Но длабоки емоции … е тие можеш да ги насочиш според твоите потреби.“
Му цитираше една Бене Џезерит изрека: „Кога религијата и политиката патуваат во иста кола, јавачите веруваат дека ништо не може да им застане на пат. Нивното движење станува безглаво – побрзо и побрзо и побрзо. Ги тргаат на страна сите мисли за пречки и забораваат дека провалијата не му се покажува на човекот што слепо трча се додека не е предоцна.“
Пол го погледна Гурни и виде дека го проучува Стилгар. „Кажи ни, Гурни, зошто Сардаукарите ги избркаа луѓето од градот?“
„Стар трик, Војводо. Сакаат да ни го отежнат напредувањето со бегалци.“
„Толку време има поминато од последните ефикасни герилци што моќните заборавиле како да се борат со нив,“ кажа Пол. „Сардаукарите играат за нас. Грабнаа неколку жени од градот за забава, ги декорираа борбените знамиња со главите на мажите што се противеа. И создадоа треска на омраза кај луѓето што инаку ќе ја гледаа претстојната битка како ништо друго освен голема нелагодност … и шансата за замена на една група господари со друга. Сардаукарите регрутираат во наше име, Стилгар.“
Си ги читал некои од продолженијата? Но навистина, има напишано прекрасни книги што не може никој да ги имитира иако се обидоа :) Продолжи да пишуваш, а јас ќе продолжам да те читам.
By: Marjan on September 9, 2009
at 3:12 pm
Само Dune Messiah и Children of Dune. Имам селекција на цитати и од нив, само што не сакав да го пренатрупам текстот :)
By: Бојан on September 9, 2009
at 9:14 pm
Окно и Дина. Има тука некој гигантски црв кој ги поврзува. Честитки, ќе читам со задоволство
By: ribaro mk on September 17, 2009
at 12:17 am