Име: Бојан
Професија: Ги имам неколку. Впрочем, ирелевантно е – Јас не сум мојата професија.
Образование: Средно, со неколку години по факултети. Повторно небитно – Јас не сум моето (формално) образование.
Религија: Не, благодарам. Посветен Телемит што нема проблем со туѓата религија се додека не се обидуваат да ме преобратат или се додека туѓата религија не почне да ми се наметнува во начинот на кој што живеам.
Политичка определеност: Неодредена. Во Македонија ги презирам подеднакво сите политички партии – од големите немам видено аир, а малите се толкави сончогледи што ми се повраќа од нив. Ако треба да одредам кон која страна би се наклонил (лево-десно), не можам да кажам точно. Имам и леви и десни ставови. Меѓутоа моето мото е: (треба да) имам слобода да правам што сакам се додека тоа што сакам да го правам не влијае врз слободата на другите.
Проблеми со: Фундаментализам. Иако станува збор за лошо избран збор. Можеби посеопфатен збор би бил: Ограниченост (сепак сум Телемит). Останатото е минливо.
[...] За [...]
By: In the summertime… « Сериозен мајтап on Февруари 27, 2009
at 11:25 am