Според Алистер Кроули ова е Телемитската декларација на правата на Човекот. Ова го ставам тука за да добиете чувство за она во што верувам (следствено и за мене). Сигурно ќе кажете за она што ќе го прочитате дека е common sense, меѓутоа прашајте се колку од набројаните права се уживаат денес. А потоа прашајте се колку од тие права им ги уважувате на другите околу вас.
Liber LXXVII: OZ
„законот на
силните:
ова е нашиот закон
и радоста
на светот.“ AL. II. 2
„Прави што ти е волја ќе биде сиот Закон.“ –AL. I. 40
„немаш право освен да ја правиш твојата волја. Прави го тоа и никој нема да каже не.“ –AL. I. 42-3
„Секој маж и секоја жена е ѕвезда.“ –AL. I. 3
Нема бог освен човекот.
- 1. Човекот има право да живее според сопствен закон–
- да живее на начин според неговата волја:
да работи како што му е волја:
да игра како што му е волја:
да одмора како што му е волја:
да умре кога и како му е волја.
- 2. Човекот има право да јаде што му е волја:
- да пие што му е волја:
да живее каде му е волја:
да се движи како му е волја по земјата.
- 3. Човекот има право да мисли што му е волја:
- да зборува што му е волја:
да пишува што му е волја:
да црта, слика, резба, длаби, ваја, гради како му е волја:
да се облекува како му е волја.
- 4. Човекот има право да љуби како му е волја:–
- „исполни се со љубов како ти е волја,
кога, каде и со кого ти е волја.“ –AL. I. 51
- 5. Човекот има право да ги убие оние што би му ги ускратиле овие права.
- „робовите ќе служат.“ –AL. II. 58
„Љубовта е закон, љубов под волја.“ –AL. I. 57
Многу луѓе (вклучувајќи и некои од оние што се нарекуваат Телемити) ја забораваат клучната реченица: Секој маж и секоја жена е ѕвезда. Во превод тоа значи „Ако ја прифаќам оваа декларација на права како моја, тогаш треба да имам на ум дека важи за сите луѓе.“ Тоа значи дека и оние што имам право да ги убијам имаат право на живот. Исто така значи дека ако јас сакам да се „исполнам со љубов кога, каде и со кого ми е волја“ другата личност треба да го сака истото.
„Прави што ти е волја“ не е исто со „Прави што сакаш“ и оваа декларација на правата на човекот малку ја дообјаснува разликата.
А што се однесува до претпоследната реченица, Кроули тоа најдобро го објаснува во една фуснота во Магика без солзи.
„Господар“ буквално означува способна, авантуристичка, добредојдена одговорност. „Роб“: неговото мото е „првин сигурност“, со се она што тоа го вклучува.
WOW!
Не се сложувам.
By: coolzrock95 on Декември 18, 2008
at 2:01 pm
Со што?
By: majtap on Декември 18, 2008
at 4:55 pm
Немам појма зошто, ама додека го читам ова се ми паѓа на памет Ајн Ренд. :D
Поштуем, nonetheless.
By: Kyril on Февруари 28, 2009
at 7:02 pm
nema radost!
By: acko on Март 20, 2009
at 3:09 pm
epa tuka e i pravoto deka mozesh so ova da ne se slozuvash :D sepak go pravish ona shto Krauli go rekol. hahahahahaha Master Therion is the best (beast) hahahahaha
By: Nihilus on Јули 24, 2009
at 2:44 pm
Секој има Волја да прифати или не… нема право… правото е за робовите… Но во Еквинокс на Боговите стои и дека ако не го прифатиш Законот, се ставаш самиот себе надвор од него, ако не ја прифаќаш слободата, самиот се оковуваш, ако самиот не го прифаќаш Животот, се прогласуваш Мртов засекогаш… Не за џабе е дадена Liber CL (DE LEGE LIBELLVM)… И така.. 93 :)
By: oceanix on Февруари 23, 2010
at 11:12 pm