Следува препев на една песна од Рандал Џарел (американски поет, 1914-1965).
Болно дете
Поштарот доаѓа дур сум се уште в кревет.
„Поштару, велам, што ми носиш денеска?“
Му велам. (Но всушност сум в кревет.)
Тогаш тој ми вели — а што сакам да ми каже?
„Ова писмо вели дека си претседател
На — овој збор овде; република.“
Кажи им дека не можам веднаш да одговорам.
„Должност ти е.“ Не, попрво ќе боледувам.
Тогаш ми кажува дека има писма што велат сè
Што можам да замислам дека сакам да велат.
Му велам, „Епа, фала ти многу. Збогум.“
Тој засрамен си оди.
Ако можам да го замислам, не е она што го сакам.
Сакам… Сакам брод од некоја блиска ѕвезда
Да слета во дворот и суштества да излезат
И да помислат кон мене: „Значи тука си бил!“
„Дојди.“ Само тие не ќе се доволни,
Јас помислив на нив… А сепак некаде мора да има
Нешто поинакво од сè друго.
Сè на што не сум помислил — мисли на мене!
Последни коментари