Posted by: Бојан | Април 17, 2009

Весела Веронаука

[Почнува најавната шпица и оди музиката од „Весела математика“ (нема потреба да се измислува топла вода – веќе имаме готов шаблон)]

Гоце Влахов [Учителот] пее: Апостоли, фараони, чуми и Вавилони; инцести, геноциди, догми и катехизми

Рефрен [Цел клас] пее:  Веронаука!

[Транзиција од шпицата во импровизираната „училница“ во некое од студијата на МТВ; присутни се Учителот и Класот]

[Учителот]: Деца, денеска ќе учиме за шестата божја заповед: Не убивај. Оваа заповед не учи дека не смееме да убиваме.

[Мартин, МНОГУ љубопитно дете]: А зошто не смееме?

[Учителот]: Затоа што Бог така вика.

[Пак Мартин]: Добро, ама зошто?

[Учителот]: Затоа што Бог ќе ни се налути.

[Елена, посветена ученичка и добра христијанка]: Ама нели Бог не сака и ни простува?

[Учителот]: Хахаха! Да, Еленче, Бог сите не сака. И тебе, и мене, па дури и Мартин. [сите се смеат]

[Гоце, палаво детиште, ама со добро срце]: Учителе, учителе! Ама вчера кога мајка ми ме врза за столче и ме тераше да ја читам Библијата [сите се смеат] јас прочитав дека Бог убивал и тоа цело време.

[Учителот]: Да, Гоце. Ако се сеќавате сите кога ја учевме втората заповед во Второзаконие, глава 5, стиховите 8 и 9 јасно кажуваат дека Бог е љубоморен и дека ако го мразите ќе ве казни и вас и вашите внуци и правнуци. [децата очигледно се исплашени, па затоа Учителот продолжува насмеано] Ама затоа, ако го сакате, дури до илјадитото колено ќе ве наградува. [на децата им олеснува]

[Елена]: Јас, учителе, многу, многу го сакам Бога!

[Учителот, се смешка милно]: Знам, Еленче. И тој те сака тебе. А ти, Мартин? Го сакаш?

[Мартин, длабоко замислен]: Не- [се сепнува, како да му текнало нешто] Да, да, го сакам. Ама имам уште едно прашање: Нели Бог ги убил сите во Содом и Гомора?

[Учителот]: Да, тоа е затоа што тоа биле лоши луѓе што правеле лоши работи.

[Мартин]: Ама татко ми ми кажа, кога го прашав за ова, дека тие луѓе си уживале, си живееле и се сексале меѓу себе – не се силувале, сите сакале да уживаат во сексот.

[Учителот, отсечно и гневно]: Мартине! Како не ти е срам! Сексот е валкана, валкана работа! Бог мрази секс! [под брк си зборува сам на себе] Татко му мора да е комунист. Треба да го пријавам во полиција.

[Гоце]: Е како мрази? Како ја затруднел Марија? [децата се смеат, ама смеата бргу е прекината од ударот на Учителот по масата]

[Учителот]: Како не ти е срам, богохулнику! Дева Марија никогаш немала секс, Бог го посадил семето на Светиот Дух во неа, таа вечно останала девица.

[Елена]: И јас ќе останам девица цел живот!

[Учителот, потсмирувајќи се, се смешка родителски]: Ах, Еленче, Еленче. Не можеш да останеш девица. Како христијанка ти имаш право, па дури и задача да затрудниш и да родиш што е можно повеќе деца, за да може да ја возобновиме нашата напатена нација.

[Мартин, се уште замислен]: Ама учителе!

[Учителот, отсечно и гневно]: Што е, Мартине?!

[Мартин]: Никаде не пишува дека останала девица.

[Учителот]: Тоа се подразбира. Не е можно мајката на нашиот Бог Исус Христос да имала секс со некој. Дури ни со сопругот Јосиф со кој останала омажена.

[Мартин]: А зошто воопшто се венчале тие? Детето не било на Јосиф.

[Учителот]: Затоа што ако останела трудна и невенчана, луѓето ќе ја каменувале. Знаеш и самиот дека денес, како и во тоа време, е забрането да се има секс пред брак.

[Мартин]: А зошто?

[Учителот]: Затоа што– [се прекинува, откако се сеќава на нешто] Мартин, зошто толку размислуваш околу работи кои што се одамна размислени? Нашата вера постои преку 2000 години, толку многу луѓе размислувале за истите работи и ги разгледувале и изучувале и сепак опстанала религијата–

[Мартин, го прекинува]: Па да, ама татко ми ми кажа дека црквата ги палела тие што не мислеле исто како неа.

[Учителот]: Пак ти со тој татко! Што знае он? Тие работи ги правела католичката, а не Вистинската Православна Црква. [паузира малку, дише длабоко – се смирува] Значи, верата треба да ја прифатиш онака како што ја пишува во Библијата – не треба многу да си ја мачиш главата околу неа.

[Мартин]: Во ред учителе. [ѕвони ѕвончето]

[Учителот]: Толку за денеска, деца. Запомнете, Бог сите ве сака – ама внимавајте што правите!

[фејд аут]

Ова е предлог сценарио за некоја емисија што можеби ја има во некоја Македонија од некој од можните светови каде што има веронаука. Ако некој се реши да го искористи ова или дел од ова, би сакал да ме извести :)

Advertisements

Responses

  1. *standing ovations*

  2. МАЈСТОРСКИ!!!!

  3. Ѕвер

  4. најбоље :)

  5. прекрасно :)

  6. Еј па Томиќ сигурно ќе ти го сними ова :)

  7. * canned applause *

    Браос стварно добро четивце :)

  8. mozibi e dobro veronauka da se uci
    no sto so roditelite koi se hristijani a decta koi se povozrasni mozebi sakaat ili gi interesira nekoja druga religija

  9. kuce, мојата поента е дека ако некој сака да учи веронаука, тоа треба да го прави во рамките на сопствената верска заедница/група. Сите тие (посебно православната) имаат доволно пари и услови за да спонзорираат неделни часови во своите простории.

    Што се однесува до оние што ги интересира друга религија, поучен од искуството во Македонија, претпоставувам дека ќе треба тоа да го прават скришум.


Напишете коментар

Fill in your details below or click an icon to log in:

WordPress.com Logo

You are commenting using your WordPress.com account. Log Out / Промени )

Twitter слика

You are commenting using your Twitter account. Log Out / Промени )

Facebook photo

You are commenting using your Facebook account. Log Out / Промени )

Google+ photo

You are commenting using your Google+ account. Log Out / Промени )

Connecting to %s

Категории

%d bloggers like this: